Дома Македонија Бујар Османи се реши да проговори по муабетите кои што му ги...

Бујар Османи се реши да проговори по муабетите кои што му ги пуштија: Не сум, но кога би имал можност – би сакал

Веќе неколку месеци наназад во медиумите и на социјалните мрежи е актуелна веста дека вицепремиерот Бујар Османи најверојатно бил на пресадување на коса, естетски зафат кој што станува се популарен кај нас.

Фотографии од заменик – претседателот на Владата, од типот пред и потоа, каде се прават споредби со неговата постара фризура и со сегашната редовно можат да се видат на социјалните мрежи. И додека едни тврдат дека Османи пресадил коса, други дека носи надградба или пак перика, „Фокус” реши да ја открие „мистеријата” и лично поразговара со вицепремиерот на темата.

Отворен за соработка на било која тема, без предрасуди, тој вели дека нема никакви комплекси околу својата фризура, ниту пак гледа причина зошто не би разговарал за новиот имиџ, кој очигледно го разбуди интересот на јавноста и стана доста коментирана вест. Делумно поради тоа што Османи, како и повеќето политичари секојдневно е присутен пред јавноста и секоја промена е забележителна, но делумно и поради тоа проретчувањето на косата е нешто кое го неретко мачи посилниот пол и многумина се интересираат како можат да си го решат проблемот.

-Не станува збор за пресадување на коса, иако кога би имал можност, би сакал – се смее вицепремиерот. Открива дека промената се должи единствено на новиот бербер и бил презадоволен од неговата работа.

-Имам нов бербер, од Скопје е, задоволен сум од тоа како ми ја средува косата. Станува збор за едноставна работа, единствено косата ми е пуштена подолго, значи потпорасната. Немам комплекси за косата, само новиот бербер се докажа како многу вешт – раскажува Османи.

Целата сторија проследете ја на Фокус