Дома Македонија Бранко Тричковски: Песната на Тамара е згодна за некои земјоделски култури или...

Бранко Тричковски: Песната на Тамара е згодна за некои земјоделски култури или лозови насади

Статус на Бранко Тричковски:

Врисок за скакулци и птички

За разлика од општиот оптимизам и благата еуфорија што се шири пред годинашново издание на Евровизискиот фестивал, јас бев рекол дека Тамара ќе испадне на стотина километри пред Тел Авив, односно некаде над Кипар. Хахаха!

Претерував, нормално, но и денеска мислам дека нејзината песна е згодна за над некои земјоделски култури или лозови насади како одбрана од зелените скалулци и агресивните птички.

Ниту вошките не би можеле лист да свијат од врисокот на нашата дива. Од тој неверојатен напор во кој обидот за песна се претвора во фурија која може да ја смени конфигурацијата на Блискиот исток.

Но, океј, можеби сум пропуштил да ги забележам промените во музичките вкусови на светот.