Дома Балкан Српски Патријарх Иринеј: Вучиќ машки се бори за народот и за Косово

Српски Патријарх Иринеј: Вучиќ машки се бори за народот и за Косово

Патријархот Иринеј по состанокот на Соборот на СПЦ со претседателот Вучиќ, изјави дека сите гледаат како Вучиќ „херојски се бори за државата, народот и за Косово“, и дека тоа е негов и воедно став на целиот Собор на СПЦ.

-Поголемиот дел од нашето време го посветивме на Косово, нема да се откажеме од борбата за Косово, изјави патријархот Иринеј, додавајќи дека не е сигурно како ќе се реши ова прашање.

Како што кажа, „ние се надеваме на Бога”, но тоа многу зависи од ситуацијата во светот „од оние кои нè поддржуваат и од оние кои ја поддржуваат другата страна”.

-Она што сите го гледаме, е дека нашиот претседател херојски се бори за државата, луѓето и за Косово, оцени патријархот Иринеј, тврдејќи дека нема сомнеж во неговите добри намери и работата.

Инаку Вучиќ во неделата присуствуваше на инаугурацијата на новиот Македонски Претседател Стево Пендаровски. Интересно беше што на церемонијата, друштво му правеа Претседателита на Косово, Тачи, на Албанија и на Бугарија.