Дома Останато Никогаш не треба да се нздравува со празнa чаша вода – има...

Никогаш не треба да се нздравува со празнa чаша вода – има многу причини

loading...

Од не баш јасни причини, човештвото му придава мошне голема важност на прашањето околу тоа како треба да се наздравува. Во многу земји, наздравувањето со празна чаша покажува не само лоши манири, туку и се смета дека носи лоша среќа.

Пред сé е некултурно, барем според етиката на старите Римјани, а таквото мислење се провлекува и денес, во многу култури во светот.Сигурно од многумина сте слушнале дека никогаш не треба да наздравувате со чаша вода.

Иако ова ви се чини малку глупаво или како уште една причина за да ве убедат да пиете алкохол, зад него всушност се крие древно и нималку наивно верување.Коренот на овој обичај се наоѓа во Антиката.

Имено, старите Грци верувале дека кога човекот ќе умре, неговата душа заминува во подземниот свет – Хад.Таму се наоѓала тажна рамнина обрасната со бледо диво цвеќе. По таа рамница течеле пет реки: ледениот Стикс – река на омразата, Ахерон – река на болката, Кокитус – река на јадовите, Флегетон – река на оганот и Лета – река на заборавот.

loading...

Кога душата на покојникот ќе дојде во Хад, пие од водата на Лета за да го заборави минатото и маките од претходниот живот.Оние кои веруваат во реинкарнација, всушност веруваат дека душите пијат од водата на оваа река за да го заборават минатиот живот и на тој начин да бидат подготвени за новиот.

Токму тука, се верува дека лежи коренот на обичајот, никогаш да не се наздравува со чаша вода. Бидејќи на тој начин, оној кој го прави тоа, ќе го снајде преран заборав и судбина полоша од смртта, односно ќе заболи од деменција.Во САД на пример, наздравувањето со празна чаша се смета за одбивање на здравицата во целост.

Од друга страна, да ја наполните чашата со било кој друг (безалкохолен) пијалок е сосема прифатливо – обична вода, џус, минерална вода… Секој со манири ќе го почитува таквиот ваш потег. Дури и претседателот Обама наздравува со вода, за разлика од она што го диктира протоколот на Американската авијација – наздравувањето со вода е дозволено само во екстремни ситуации, на пример, ако сте воен затвореник.

Во Кина, од гостите се очекува да одговорат на здравицата на домаќинот со ист пијалок како неговиот. Се разбира, овде нема место за празни чаши.Русија, пак, е една од земјите каде што се смета дека „празната здравица“ носи лоша среќа. Поподробно објаснување нема, но тоа не го спречува таквото суеверие да се пренесува од генерации на генерации.

Сепак, не е сé црно-бело. Во Франција, на пример, најважно е да го гледате во очи оној со кого наздравувате – во спротивно ве очекуваат седум години лош секс! Во таков случај, ете, наздравувањето со празна чаша и не звучи така страшно.

Точното потекло на здравицата, како и суеверијата што го опкружуваат наздравувањето со празна чаша, е скриено некаде во историјата на цивилизизацијата и не може со сигурност да се одреди. Можеме само да претпоставиме дека се работи за специфична етика на однесување што произлегла од старите народни традиции.

Сеедно, здравицата останува популарен чин на собирањата од било каков вид и ден денес, било да се работи за формални средби, неформални дружења или религиозни церемонии.

loading...