Дома Останато Не ме оговарај по пријатели – само ти си причината што избегав...

Не ме оговарај по пријатели – само ти си причината што избегав во Австралија

Здраво, сакам да му се обратама на оној непрокопсаник, мојот бивш маж, иако на хартија сеуште ми е сопруг, не за долго. Се надевам дека ќе прочита, бидејќи објавувате вакви работи.

Престанани бре да ме оговараш по луѓе, роднини, пријатели. Немам јас никој и никој не ме намамил да си одам од тебе како што зборуваш наоколу. Ти, само ти си причината за моето бегство во Австралија.

Ти и твојот безобразен и арогантен карактер, твоите псовки и малтретирања кои ми ги приредуваше. Да знаеш, среќна што имав спонтан побачај. За греота ќе беше тоа детенце ако се родеше со таков родител како тебе.

А да објаснам за читателите. Австралиска виза успеав да добијам благодарение на факултето што не ми е завршен. Поддадов документи за студентски престој и ми одобрија. Сега сè ќе направам да останам овде, бидејќи конечно ми се смирија живците.

Ме фаќа језа кога ќе помислам дека треба да се вратам таму и да го дишам воздухот со непрокопсаникот, во кого некогаш бев вљубена. Како сум можела. Ама тоа е, младост – лудост. Ми викаа пријатели не брзај, само 2-3 месеци се знаете, ама јас не, тој па тој.

Дури сега ги разбирам луѓето кои се земаат дури по сериозна врска од пет или десет години. Запознај му го добро карактерот, па после влегувај во брак. Тоа е моето мото сега.

П.П. Фото: Илустрација

Авторки текст, не смее да се превзема од други портали без одобрение од редакцијата на Балкан.