Дома Свет (ВИДЕО) Македонскиот Австралиец Александар “Големиот” го победи Алдо на сред Бразил

(ВИДЕО) Македонскиот Австралиец Александар “Големиот” го победи Алдо на сред Бразил

Големиот, како што го нарекуваат, Александар Волкановски, стана првиот борец во историјата на UFC кој што успеал да го порази Жозе Алдо во борба што не е за титула.

Австралискиот борец Александар „Велики“ Волкановски, кој по потекло е од Македонија го победи Алдо, бразилската легенда на својот домашен терен во саботата на UFC 237 во Рио.

Тоа е 17-та победа во низа за 30-годишниот Австралијанец со Македонско потекло (7-0 во UFC), поранешен шампион во Австралија во Аustralian Fighting Championshiр. Тоа е исто така само третата загуба на Алдо во UFC. Единствените кои го победиле Жозе Алдо се Конор Мекгрегор и Макс Холлоулај.

„Еј, јас сум следен во линија [за титулата], сто проценти. Јас сум единствениот кој е непоразен во топ-3 сега. Треба да се рангирам на прво место.“ – изјаво Александар „Велики“ Волкановски после борбата.