Дома Магазин Пред две години цела Македонија говореше за нив, но Ирачанката го остави...

Пред две години цела Македонија говореше за нив, но Ирачанката го остави Боби од Куманово

Кога пред две години беше објавена приказната за македонскиот царински службеник; Боби Додевски од Куманово со емигрантката Нура Аркавази од Ирак речиси сите чувствуваа дека нивната љубов е како во романите.

Сите пишуваа и објавуваа за романсата која беше создадена во Центарот за мигранти во Табановце, но кумановецот веќе една година е без бегалката која во меѓувреме одлучила да се врати дома, објави shtegu.com.

Двојката се разведелила, иако пред една година им се родило машко дете. Ова го потврди цариникот кој е познат и како актер во хумористичната емисија „Нема љутиш“, која се емитува на ТВ Плус.

“Не сме заедно веќе една година. Таа се врати во Ирак, јас сум тука. Тоа можам да го потврдам. Ги знаеме причините зошто е тоа така и работите остануваат како што се “, рече Боби.

Пред да замине, Нура рекла дека се враќа во Ирак затоа што сега ситуацијата е побезбедна и така ќе им помага на мигрантите во нејзината земја.

Таа избега со семејството од Ирак откако Исламската држава го киднапира нејзиниот татко и барале откуп со висока сума на пари. Загрижени за ситуацијата во земјата, таа со уште четири члена од семејството се упати кон Германија, пред да се сретне со Додевски во центарот за мигранти на Табановце.