Дома Балкан Папата Франциск од Бугарија: Отворете ги вашите срца и домови за мигрантите

Папата Франциск од Бугарија: Отворете ги вашите срца и домови за мигрантите

loading...

Папата Франциск е во дводневна подсета на Бугарија, од каде утре, ќе дојде во еднодневна посета на нашата земја. И покрај негирањето на Премиерот Борисов и министерката за внатрешни работи Захариева, дека Папата не им наложил да ги отворат границите за мигранти, Дојче Веле известува дека на средбата со владини претставници, Франциско ги повикал Бугарите да ги отворат своите срца и домови за „добронамерните мигранти“ и да сфатат дека тие бегаат од војна и сиромаштија „со цел да најдат нови можности во животот или едноставно безбедно засолниште“.

„На сите Бугари кои ја сфаќаат драмата на емиграција, со почит им укажувам: не ги затворајте очите, срцата и рацете- во согласност со вашата најдобра традиција- на оние кои ќе тропнат на вашите врати“, изјави Франциско во претседателската палата во Софија.

„Вашата земја отсекогаш беше мост меѓу истокот и западот“, додаде поглаварот на Католичката црква, алудирајќи на бегалската криза во која милиони луѓе од Блискиот исток и северноафриканските земји бараат прибежиште во Европа.

Но, во Бугарија постои голем отпор кон бегалците. Централно-десничарската коалициска влада вклучува и три националистички, анти-мигрантски партии, и веќе ја затвори границата кон Турција со ограда од бодликава жица.

loading...

Во истовреме, населението во земјата се намалува. Според ОН, се очекува актуелното население од 7 милиони да се намали на 5,4 милиони до 2050 и 3,9 милиони до крајот на векот. Аналитичарите велат дека на Бугарија ќе и биде потребна засилена имиграција за да ја стабилизира својата економија.

Алудирајќи на проблемот со наталитетот, папата на бугарските претставници им порача дека „треба да се справат со она што се нарекува нова зима: демографска зима која се спушти како ледена завеса врз голем дел на Европа“.

loading...