Дома Спорт Тренерот на Вардар: Немаме банка пара земено цела сезона, а видете каде...

Тренерот на Вардар: Немаме банка пара земено цела сезона, а видете каде стигнавме

loading...

Македонскиот првак Вардар по трета сезона по ред ќе игра на завршниот Ф4 турнир во ЛШ иако вечерва загуби на гостувањето кај ПИК Сегед.

„Црвено-црните“ на гостувањето кај ПИК Сегед беа поразени со 29-25, но и покрај тоа успеа третпат по ред да обезбеди место на завршниот турнир во Келн! Иако домашниот тим ја имаше предноста која му гарантираше пласман на Ф4, сепак вардарци се изборија за пораз од четири голови.

Тренерот Роберто Парондо вели дека е многу горд на неговите играчи.

„Како да не бидам горд на момци, кои девет месеци не земале плата, кога цела сезона се редеа повреда врз повреда, загубивме светски лев бек поради финансиски проблеми. Друг лев бек тешко се повреди, едниот голман ни брани повреден“, вели Парондо.

loading...
loading...