Дома Балкан Србите љубоморни: Македонија најмногу профитирала од косовските такси – открија и колку

Србите љубоморни: Македонија најмногу профитирала од косовските такси – открија и колку

Словенија и Македонија најмногу профитираа од косовските такси, констатира белградски Блиц.

Косовската рампа на стоки од Србија, која според српската економија годишно прави штета од 500 милиони евра, направила добра работа за соседите, но и за најразвиените економии во светот, пишува српски Блиц.

Според податоците на кои весникот се повикува, Косово во февруари оваа година го зголеми увозот 13,4 отсто, односно 27 милиони евра во однос на февруари 2018 година.

Набавките најмногу се зголемени од Словенија, која во однос на минатата година на фирмите од Косово им продала стоки за 9,3 милиони евра повеќе. На второто место е Македонија, која во февруари во Косово пласирала седум милиони евра повеќе стоки од истиот период лани.

Зад нив следуваат Албанија и Турција, од каде што Косово ги зголеми набавките за шест милиони евра. Петото и шестото место го делат Германија и Кина. Тие го зголемиле извозот во Косово на вкупно пет милиони евра. Значително зголемување од скоро 1,5 милион евра забележала и Хрватска, а раст од 400.000 евра имале и фирми од Црна Гора.