Дома Останато Мајка емотивно раскажа како сама заминала на пат од 11 часа за...

Мајка емотивно раскажа како сама заминала на пат од 11 часа за да и го спаси животот на ќерка си

Во декември 2016-та година, Арија Николс ja родила долгопосакуваната ќерка по име Ламес. За жал, нејзината среќа траела многу кратко. Лекарите и соопштиле дека девојчето има хипопластичен синдром на левото срце, односно дека неговата лева комора не е доволно развиена и срцето не може да пумпа доволно крв за да ја одржи во живот. Исто така девојчето немало два прста.

Лекарите во Нов Зеланд, каде што бебето се родило, се откажале од операција, бидејќи било преризично. Арија, која живее во Обединетите Арапски Емирати, била очајна. Таа не можела да се помири со фактот дека може да остане без својата ќерка.
Со оглед на тоа дека операцијата не била опција, Арија сама направила план, пишува Miror.

Loading...

– Потајно организирав патување до Обединетите Арапски Емирати. Воопшто не знаев дали таму некој ќе сака да ја оперира, но не можев повеќе да чекам.

Оној момент кога лекарите ја исклучија од лековите кои ја одржуваа во живот, часовникот почна да отчукува.

– Се обидов да ги дознаам сите потреби информации, но морав да внимавам да не сум предиректна со прашањата, па да им станам сомнителна на лекарите.

Арија открила дека многу авиокомпании не дозволуваат патувања на луѓе кои земаат лекови кои содржат простагланин. Тоа значело дека ќе мора да крие дека девојчето е болно и дека нема да може да ја транспортираат во инкубатор со сите останати потребни помагала.

– Шишенцето со простанглендин го сокрив во градникот. Проблемот беше што не знаев да ставам инфузија, но се надевав дека има некој во близина што знае. Помош не можев да барам додека не стигнавме до нашето одредиште, бидејќи би била катастрофа да не вратат назад – раскажува.

– Седнав во авион и ја покрив со ќебе, глумејќи дека ја дојам. Цело време раката ми беше на нејзиноте гради и внимавав на нејзините срцеви отчукувања.

За среќа на Арија, по 11 часа лет, стигнале во ОАЕ, каде ги чекал хирургот.

– Беше комплетно фациниран. Кажа дека е воодушевен од мојата храброст и преданост. Верувам дека тоа е една од причините поради која се нафати на операцијата, само да не ме разочара.

За жал, само четири дена по операцијата, Ламес починала, имала само 23 дена.

Арија во сеќавање на својата ќерка ја напишала песната „Thoughtful”.

Loading...