Дома Македонија Миленко Неделковски: ДУИ веќе не е лидер партија кај Албанците

Миленко Неделковски: ДУИ веќе не е лидер партија кај Албанците

Многу жалам ако некој немал можност или капацитет да следи основи на средното образование, или ако пак следел а ништо не разбрал и не научил, но јас упорно ќе си инсистирам на закони, закономерности и заклучоци од најбитните средношколски предмети какви што се Логика, Филозофија, Социологија, Историја и сл.

“Логика на исказот“ е основа на секој обид да се напише или тврди нешто. Без логика на исказот, тврдењето ви се на ниво на ретардиран ум.

Па така, за да не бидам, бидејки не сум, навијач ами сум критичен кон сите страни, еве ви три примера:

1. Очајно глупо е во ист текст, или во повеќе текстови од ист човек, да се тврди дека оние што бојкотираат (кои и да се тие) “ги имао во мал број, а ако повикаат пред Собрание нема да соберат ни 50 души“, а во исто време, во ист текст од ист ретард да се тврди дека тие што бојкотираат “одземале десетици илјади гласови, па дури и цели 100К, па затоа кандидатката не победила убедливо“!!! И затоа се виновници што нивната опција не победила?!?!?!?!

2. Не може да се тврди (Шекеринска, Заев и слични, а на времето и БЦ) дека “пораката е примена“, ама за неисполнетите ветувања на Заев и лагите на Шекеринска да одговара некој во третиот ешалон, поставен и избран токму од овие двајца. Неможе ниту рибата да смрди од опашката, ниту метлата на Дац да е за маргиналците и локалците во партијата.

3. При обвинувањата кој и зошто работил во корист на Али Ахмети и Талат Џафери, многу е битно да се потсетиме на собраниската ноќа кога спикерот Џафери ја прекина седицата и го спаси од прогон својот преходник Трајко Вељановски.

Значи, повторно велам,многу е битна логиката на исказот, за некој исказ воопшто да држи. Па така, или бројот на оние што бојкотираат е незначаен, па нема потреба воопшто да се споменуваат, или пак е значаен па со нив треба да се смета за понатаму.

Исто така, ако си ја примил пораката, тогаш сфаќаш дека времето ти е заминато па се согласуваш со предвремени парламентарни избори (со Пржинска влада), или не се глупирај без разлика дали си Заев или Шекеринска.

За крај, она што јас мислам, е дека сите табори (македонски и албански), сите партии (леви и десни) сите лидери (бивши, сегашни или идни) како и сите странски дипломати и центри на моќ, на 30-ти септември лани и пред три дена сега, разбраа дека постои нова политичка реалност во Македонија.

ДУИ веќе не е лидер партија кај албанците. Наместо швајцарски психијтарски пациент, имаме саглам претставник од таа заедница (Река).

Нова политичка реалност е и заклучокот дека не постои никаов организиран “Бојкотирам“, дека никаква сила немаат разни Олумчевци, Палчовци и слични извикани ликови, ами дека народот решава дали сака некому да подари или не доверба. Ако партијата (СДСМ или ВМРО ДПМНЕ) нема саглам кандидат, програма, понуда, лик, идеа и идеологија – народот не гласа.

Важно е да се научи да не се навредува народот, оти тие гласови се потребни на избори. Народот е навреден ако биде етикетиран дека е “Бојкотирам“. Народот не е “Бојкотирам“, народот е народ. И си гласа, или не гласа, според понудата. Ако ви е понудата лоша, нема гласови. Ја доживувате судбината на Пендаровски кој има сега со негов премиер и влада помалку гласови отколку кога беше претседателската трка во времето на Груевски.

Со глумење, со кроткоебачки фаци од едниот кандидат, со фингирани изјави на љубов кај другиот – нема гласови.

Залудно е внатрепартиското лутење кон тие што за нивниот кандидат или какндидатка не гласале. Залудно. Вината не е во гласачите, не е во народот. Гласачите, односно народот, се секогаш во право. И кога го казнуваше БЦ, па потоа Бучко и кога го казни Груевски во декември 2016. СЕКОГАШ е народот во право.

Значи без лутење. Погледнете си во понудата (персонана, идеолошка, програмска, национална…) и таму барајте го фијаското од неделат зад нас.

Бидејки ЕДЕН-МИЛИОН-И-СТО илјади луѓе НЕ ГО ГЛАСАЛЕ вашиот кандидат.