Дома Македонија Советничка од Битола: Премиере, не ја чепкајте со метлата Наташа, таа е...

Советничка од Битола: Премиере, не ја чепкајте со метлата Наташа, таа е само набљудувач

Вчера Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, на трибина во Скопската општина Карпош изјави дека ја сфатиле пораката од народот кој им ја испратил на изборите во неделата.

Loading...

Тој најави чистка после изборите, на сите кадри кои не биле на висина на задачата и за кои има поплаки од граѓаните, односно не испорачале резултати од програмата со која СДСМ дојде на власт.

Независната советничка од општина Битола, Габриела Илиевска напиша интересен статус на социјалните мрежи:

“Премиере, ко ќе прајте чистка во Битола, Ве молам да не ја гибате Петровска , таа е само набљудувач во градо!”

Инаку во Битола владее огромно незадоволство од работата на Градоначалничката Наташа Петровска. Како пример, жителите од улицата “Климент Охридски” веќе цела година се жалат дека газат кал и дишат прашина, бидејќи Петровска не успева да им ја асфалтира улицата долга само неколку стотина метри.

Loading...