Дома Магазин ФОТО: Пристигна јасен доказ дека Тошиќ и Карлеуша ставиле крај

ФОТО: Пристигна јасен доказ дека Тошиќ и Карлеуша ставиле крај

Душко Тошиќ, кој моментално се наоѓа во Кина ја отследил својата сопруга Јелена Карлеуша од Инстаграм.

Како што моментално стојат работите, Јелена и понатаму го следи Душко, а тој ја следи само нејзината покојна мајка, Дивна Карлеуша, на која често и коментираше и ги „лајкуваше“ фотографиите.

На една од последните фотографии, Карелуша позира со познатиот пластичен хирург, кој покрај останатите естетски зафати, прави средување, подигнување и зголемување на задникот.

Дали Јелена која на својата објава завзела положба која ја истакнува нејзината позадина, случајно или намерно, останува да видиме.

Душко Тошиќ поднел барање за развод од Јелена Карлеуша, пишува срски „Ало“, додавајќи дека фудбалерот не сакал да ѝ ја прости аферата со Огњен Врањеш, ниту, пак, да го дели своето богатство со неа. Душко, наводно веќе контактирал со адвокат и сака да го забрза процесот на развод. Тој ја избркал Јелена од Кина, но, како што пишуваат српските медиуми, таа не сакала да си оди оттаму.

Порталот се повикува на близок пријател и соиграч на Душко, кој открил дека неколку часа откако се појавиле пораките меѓу Јелена и Огњен, Тошиќ побарал контакт од добар адвокат за разводи.

Но, фудбалерот ќе даде сè од себе разводот да помине што побезболно, како за него, така и за децата, поради што и не размислува да се бори за семејната недвижност која неодамна ѝ ја купи на Карлеуша.