Дома Останато Близнаци, а родени во два месеци разлика

Близнаци, а родени во два месеци разлика

Неверојатно, но вистинито, во Италија две машки бебиња, близнаци родени се со два месеци разлика во место близу Милано.

Едниот близнак Алесандро е роден на 24 декември, а братот Андреа на 22 февруари, што е исклучително ретка појава.

Четириесетгодишната мајка морала итно да биде хоспитализирана во декември 2018 и тогаш се родил Алесандро, роден во 24. недела од бременоста со само 800 грама.

Благодарејќи на медицинскиот тим, постелката останала цела, па братот близнак продолжил да се развива во утробата на мајка си.

Од медицинска гледна точка тоа било исклучително сложена бременост со среќен крај, кога со 33 недели е роден Андреа со тежина од три килограми.