Дома Македонија Учениците и студентите во Македонија се срамно неписмени

Учениците и студентите во Македонија се срамно неписмени

loading...

Учениците и студентите ни се срамно неписмени. Во читање со разбирање и во писменост во природните науки нашите деца се на 69 а по математичка писменост на 68 место во Европа од вкупно 72 земји чиј млади биле тестирани. На што се должи ова толку големо и срамно незнаење?

„Неписменоста не се одредува како порано туку колку фунционални вештини имате и можете да се снајдете во животот тоа се само последици кој го удараат образовниот систем и за жал е на маргините на сите реформи“ изјави Кирил Барбареев, универзитетски професор

Верувале или не, но сето незнаење на учениците лани државата го платила цели 409 милиони евра што 4,1% од Буџетот и што воедно е најмногу од сите држави во регионот.

Дека со знаењето на учениците и студентите не е во ред потврдуваат и оние кое учеле и студирале некогаш. Според нив, сегашното незнаење се гледа од далеку.

Сега ова не е школо сите завршуваат порано беше тешко.. изјавија анкетираните

Сепак, кој е клучниот недостаток во образовниот систем кај нас?

„ Недостига визија да се виде каде ние сакаме да стигнеме во наредните 10-15 години и што се реформите кои треба да се превземат“изјави Кирил Барбареев, универзитетски професор