Дома Македонија Шоферот на цистерната на „Оилко“ што излета кај Неготино бил дури 34...

Шоферот на цистерната на „Оилко“ што излета кај Неготино бил дури 34 часа без сон – некој мора да одговара

Цистерната која вчера се преврте на излез од Неготино е отстранета од местото на несреќата. Наодите од полицискиот увид се уште не се готови. Извлекувањето на горивата траело цела ноќ.

Возачот има мали надворешни повреди од ударот и од денеска е на боледување. Негов колега и претставник на синдикатот за 1ТВ вели дека возачот тргнал на пат на 15 април во 7 часот наутро, доставувал горива на бензинските низ државата, а вечерта тргнал за Солун. Таму чекал да ја наполнат цистерната и веднаш тргнал назад.

„Дел од секнда било. Дали е до дефект, дали излетало некое животно, а се и вози и повеќе часа без одмор“ – вели колегата на возачот кој ја управувал цистерната и член на синдикатот.

Возачот вели дека неговиот колега возел со два патни налози. Надлежното лице во Оилко со кое вчера стапивме во контакт Дејан Левевски иако најави дека денеска ќе одговори на нашите прашања, тоа не се случи.

И писмено го прашавме зошто возачот бил испратен со два патни налози и зошто возачите на Оилко возат повеќе часови без одмор како што е законски пропишано? Неколку дена пред несреќата, во компанијата бил напревена контрола од Транспортниот инспекторат, а проверки прави и трудовиот инспекторат по поднесени претставки од гранковиот синдикат СУТКОЗ. Инспекцијата ја потврди и возачот.

„Бил со два патни налози. Пред неколку дена синдикатот пријави во инспекторат, дојдоа луѓе направија увид и увидоа некои неправилности„ – вели колегата на возачот кој ја управувал цистерната и член на синдикатот.

Целата сторија проследете ја на „1тв“