Дома Македонија Откриени тројца, но всушност колку ги има: Возеле ученици без возачка дозвола

Откриени тројца, но всушност колку ги има: Возеле ученици без возачка дозвола

loading...

Дури тројца возачи биле откриени дека не поседуваат возачка дозвола кога превезувале ученици од основните и средните училишта во Гостивар и околината, што беше откриено во последната акција на полицијата, соопшти СВР Тетово.

Акцијата траела само три часа, а биле евидентирани 35 комбиња со кои се превезуваат деца во училиште.

Покрај тоа, биле откриени низа други прекршоци кои ја загрозуваат безбедноста. За прекршоците биле поднесени соодветни налози.

– При контролата, откриени се девет возила со претовар на патници, осум возачи без лекарско уверение, тројца возачи без положен возачки испит, еден со несоодветна категорија, две нерегистрирани возила и еден возач кој не ја приспособил брзината според условите на патот, соопшти Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово.