Дома Свет Можеби сите ќе станеме „Кинези“ – предлог работното време од 12 часа...

Можеби сите ќе станеме „Кинези“ – предлог работното време од 12 часа да е задолжително

Кинезите е општо познато дека работат и по 12 часа дневно. Оваа идеја сега ја заговара и најбогатиот Кинез во светот Џек Мак кој потенцира дека мора да сте подготвени да работите 12 часа на ден во неговата компанија во спротивно воопшто не пријавувајте се.

Основачот на светски познатата Алибаба тоа го порачал на неодамнешен состанок.

Напорните и стресни работни услови во кои од вработените се бара работа од 6 дена неделно од 9 наутро до 9 вечерта не се одлика само на таа компанија туку и бројни други кинески фирми чии работници се чувствуваат честопати искористено.

Оваа кинеска културна работна навика, позната како 996, го зема својот данок па луѓето често глават на работа па не им останува време за уживање во животот, а со такви услови не може да размислуваат ниту за семејство.

Со кинеската технолошка индустрија се поврзани приказни за неочекувана смрт на програмери и основачи на старт ап компании поради бројни пркувремени работни часа и стрес, ова се коментарите на Блумбер на ситуацијата со работни услови во најмногубројната земја во светот.