Дома Македонија Камионџиите го кренаа гласот: Притискаат Македонија да доби заеднички гранични премини со...

Камионџиите го кренаа гласот: Притискаат Македонија да доби заеднички гранични премини со соседите

Најголем дел од времето што превозниците го поминуваат во чекање на граничните премини отпаѓа на процедурите за фитосанитарна и ветеринарна контрола, што ги задржува на границите околу три часа, но и подолго од еден ден, покажуват резултатите од мониторингот на товарните возила на граничните премини Ќафасан и Табановце, што го спровеле завчера тимови на Стопанската комора на Македонија.

Оттаму денеска апелираа што поскоро да се реализира најавата за заеднички гранични контроли со Србија и Албанија за да се намали времето на чекање транспортните трошоци кои влијаат на конкурентноста на производите.

Бараат да се интензивира потпишувањето на потребните билатерални договори и очекуваат заеднички контроли најдоцна од 1 октомври годинава.

– Покрај тоа што бизносот ги презема сите неопходни мерки во делот на рационализација на своите процеси на производство да се создадат конкурентни производи неминовна е потребата да се вклучат државите од регионот да го помогнат процесот, да го олеснат транзитот и да го скратат времето ако сакаме економиите од регионот да создадат конкурентни производи наменети за странските пазари, рече на прес-конференција Анета Трајковска, оперативен директор во Стопанската комора на Македонија.

Презентирајќи ги резултатите од мониторингот наведе примери за проблемите со кои се соочуваат превозниицте, посочувајќи дека од македонска страна ветеринарните и фитосанитарните контроли работат од седум до 19 часот секој ден, но оти според укажувањата на превозниците, во Србија таквите контроли не функционираат во викендите.

– Иако на ГП „Табановце“ од македонска страна е воведена втора, т.н зелена лента за камионските превозници со приоритет, и постапката е релативно брза, кога камионите ќе се упатат на српска страна се пренасочуваат на една лента и настанува тесно грло и зголемено чекање.

Дополнително таа постапка се усложнува што веќе последниот месец од српска страна и при влез и излез се поставуваат уреди за следење на сите товарни возила кои влегуваат или ја напуштаат Србија, така што и тој процес доведува до зголемување на времето на чекање на граничните премини, рече Трајковска.

Целата сторија проследете ја на „Независен весник“.