Дома Македонија Груевски: Помал проблем е тоа што Заев не направи, поголем е што...

Груевски: Помал проблем е тоа што Заев не направи, поголем е што го расипа направеното

loading...

Нов статус на поранешниот Премиер Никола Груевски:

,Во светот постојат два вида луѓе. Оние кои сакаат да знаат и оние кои сакаат да веруваат…

…понекогаш луѓето не сакаат да ја слушнат востината бидејќи не сакаат да им се уништат илузиите,, (Фридрих Ниче)

Сите Вие кои се боревте за него и му верувате…и сеуште му верувате…на лагите, на секојдневно свесно и со умисла искажаните лаги… Се сеќавате ли на ветувањата, на слатките лаги на ,,спасителот,,?

На оние 600 километри автопат во 4 години мандат, на градбата на новиот клинички центар, повисоки плати, пензии, социјална помош, гасификација, чист воздух во зима, плати од 100 илјади денари за лекарите, решение на името без смена на уставот и промена на идентитетот, на носењето на правдата, солидарноста, на враќање на младите од странство, враќање на 600 илјади иселени, на вработување на најспособните во администрацијата, на доаѓањето на животот….

Помал проблем е што тоа го нема. Поголем е што го нема и она што го имаше. Бидете живи и здрави”