Дома Балкан (ВИДЕО) Македонката Славица со својата изведва ја воодушеви цела Бугарија

(ВИДЕО) Македонката Славица со својата изведва ја воодушеви цела Бугарија

Конкуренцијата од 3500 кандидати не беше пречка за 17-годишната Славица Ангелова да влезе во потесниот круг на бугарскиот „The voice“. Таа е единствената натпреварувачка од Македонија, а на сцената покажа и докажа како се пее во Македонија.

Хитот „What’s up“ од 4 Non Blondes беше изборот на Славица, а нејзината изведба го крена целото студио на нозе.

Познатата поп пејачка, Михаела Филева и даде зелено светло на нашата натпреварувачка и со тоа ја зема во својот тим.

Останатиот дел од жирото исто така не ги штедеше пофалните зборови за Славица, а во продолжение погледнете како изгледаше Славица на сцената на „The voice“.