Дома Балкан Македонците со се погoлем интерес за купување имот во Грција

Македонците со се погoлем интерес за купување имот во Грција

Дали Преспанскиот договор ќе ги отвори широко вратите за купување на недвижности во Грција, откако од јануари годинава земјата и официјално ја започна втората фаза од Спогодбата за стабилизација и асоцијација, со која Македонците имаат целосна слобода да инвестираат во други земји.

Од Централниот регистар, каде се води евиденција за имотот во странство, велат дека до сега никој не пријавил имот во Грција. До декември 2018 година, тоа и не било возможност, зашто постоела забрана за такви трансакции. А во изминатите 3-4 месеци, неколкумина се распрашале за процедурата, но постапка никој не започна.

Пријавувањето на имотот во странство не е задолжително во УЈП. Доколку куќите на море во Грција се издаваат, македонците само мора да платат персоналец на приходот.

Доколку пак за така остварениот приход, бил оданочен во странство, износот на данок што го платил во странство ќе биде земен предвид при утврдување на данокот во земјата и доколку износот на платениот данок е помал од износот што би се постигнал согласно нашата ефективна даночна стапка, во тој случај ќе биде дозадолжен со разликата.

Агентите кои работат со недвижнини велат дека засега нема зголемена побарувачка за станови и имот во Грција. Дали помина модата за купување на куќи на Халидики или пак македонците се уште не знаат дека се слободни да инвестираат во другите земји…Агентите велат дека и претходно се купувало имот во Грција со македонски пасош.

Целата сторија проследете ја на ТВ 24.