Дома Македонија Силјановска зачудена: На денешниот ракометен натпревар химната беше интонирана без текстот

Силјановска зачудена: На денешниот ракометен натпревар химната беше интонирана без текстот

loading...

Кога од спортот се прави политика, а преку химна се гради идентитет.

На 21 април ќе отвориме пат за предвремени парламентарни избори, ама новата влада нема да бара од нас да ги заборавиме зборовите на химната или во себе да ги кажуваме и да тагуваме.

Со нас ќе ја пее химната, со нас ќе го вее знамето и ќе го изговара светото име Македонија зашто тоа е нашиот идентитет, а Северна нека пишуваат тие. Тоа не е нашето име, рече претседателскиот кандидат поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска – Давкова на вечерашниот митинг во Велес.

Силјановска го почна обраќањето со забелешката дека на денешниот ракометен натпревар, македонската химна била интонирана без зборови.

– Замислете на денешната утакмица химната била интонирана без зборови. Неморално, неетички и мазохистички е тоа што се случува. Нели идентитетот ни е сочуван и загарантиран?

Па што е химната ако не дел од македонскиот идентитет? Дали Македонија е слободна ако иредентизам е да ја пеете химната? Дали е ова слободна земја и дали навистина не треба повторно да се бориме за право и правдини оти во Уставот ги пишува трите најважни симболи на државата, меѓу кои, покрај грбот и знамето, е и химната.

Сите се под Уставот и законите во слободна земја ама ја се плашам дали оваа земја е се уште слобода. Химната е нашата историска слика, нашиот историски национален наратив. Кој им дава право да ги тргнат зборовите од химната? Таа не е само музика, туку е битката за право и правдини, рече Силјановска.

Инаку, пракса е на сите натпревари да се пушта инструментална верзија на химната, а публиката да го пее текстот и ова не е некоја новост по Преспанскиот договор.

Извор: Фокус