Дома Македонија Заев го „поздрави“ Груевски: Не знам што вели задграничниот комитет на ВМРО...

Заев го „поздрави“ Груевски: Не знам што вели задграничниот комитет на ВМРО ДПМНЕ во Будимпешта

Здраво Скопје! Здраво Татковино! Добар ден – достоинствена, храбра, мудра, родна земјо, наша – Северна Македонија,

Почитувани граѓани, Ви честитам! Благодарение на вашата верба и посветеност денес слободно можеме да кажеме дека УСПЕШНО и ЗАЕДНО ОДИМЕ НАПРЕД.

ГИ ПОБЕДИВМЕ ОМРАЗАТА, КОНФЛИКТИТЕ, ПОДЕЛБИТЕ И НЕПРАВДАТА. ГО ПОБЕДИВМЕ НЕМИРОТ! ЕВРОПА И СВЕТОТ АПЛАУДИРААТ. ВАМ ВИ АПЛАУДИРААТ, НА СИТЕ ГРАЃАНИ НА НАШАТА ЗЕМЈА.

Оваа масовна присутност потврдува дека следуваат уште многу позитивни промени.

ГРАЃАНИТЕ ИМААТ ПОТРЕБА ОД ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СВОЈАТА ДРЖАВАТА И КОНЕЧНО, ПО 10 ГОДИНИ, ЌЕ ДОБИЕМЕ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ДРЖАВАТА.

Новиот претседател ќе биде човек кој сака, може и мора да влече напред. Тоа е нашиот другар и пријател, Стево Пендаровски!

Незнам што вели задграничниот комитет на ВМРО ДПМНЕ во Будимпешта, ама јас велам дека по цела една деценија, нашава земја ќе добие претседател со кој ќе се гордее, европски претседател на европска земја. Како знам дека Стево е новиот претседател на државата?!

Тоа го потврдуваат младите, со присуството овде, кои порачуваат – продолжуваме Заедно Напред, за европско образование, европски плати, европски животен стандард.

ДА ВЕ СЛУШНАМ МЛАДИ, ДАЛИ ОДИМЕ ЗАЕДНО НАПРЕД? Тоа го потврдуваме ние, родителите на овие млади луѓе – ние со присуството овде порачуваме – продолжуваме Заедно Напред со своите деца, за безбедна, стабилна, економски развиена држава, дел од модерниот, европски, современ свет.

ДА ВЕ СЛУШНАМ РОДИТЕЛИ, ДАЛИ ОДИМЕ ЗАЕДНО НАПРЕД?

Со нас се и нашите родители, баби и дедовци, кои си го сакаат семејството на купче, дома, во родното огниште, во родниот град, во родната грутка земја – заедно, среќни.

Ветрот на промените дува веќе две години почитувани граѓани, откога одлучивме кормилото на нашиот заеднички брод да го насочиме Заедно Напред.

Македонци, Албанци, Турци, Срби, Бошњаци, Роми, Власи и сите други, независно од какви било различности, се здруживме, се сплотивме, тргнавме Напред!, застанување нема одиме напред со Стево Пендаровски.

Не беше лесно, но се обединивме против режимот, решивме и почнавме да градиме Едно општество за сите, седнавме со соседите и ги решивме најтешките прашања, влеговме во сериозни реформи и воспоставуваме правна држава, со шанси за сите.

Не беше лесно, но нашите заеднички успеси се мелем на нашите рани од мрачното минато. И никој, ама баш никој нема да може, ниту ќе дозволиме, да `не враќа назад.