Дома Балкан Во Македонија си ги вработуваат, а претеничка од Црна Гора бара оставка...

Во Македонија си ги вработуваат, а претеничка од Црна Гора бара оставка од својот сопруг

Пратеничката на Социјалдемократската партија (СДП) Драгиња Вуксановиќ – Станоковиќ, вели дека потписот кој го ставила на Договорот за иднината, со кој се бара оставка од нејзиниот сопруг, врховен државен обвинител, Ивица Станковиќ, е резултат на приципиленоста на која била и ѝ останала доследна.

-Мене на изборите ме бираа граѓаните, а врховни јавни обвинители. Затоа, за својата политичка работа на позицијата пратеник, им одговарам само на граѓаните – рекла за „Вјести“, Вуксановиќ.

Договорот за иднината за време на последниот граѓански протест „Одупри се“ го потпишаа пратениците на опозицијата и претставници на „Одупри се“.

Потпишувачите на Договорот, помеѓу друготот, бараат оставка од Мило Ѓукановиќ, премиерот Душко Марковиќ, врховниот јавен обвинител Ивица Станковиќ, специјалниот државен обвинител Миливое Катниќ, директорот на Агенцијата за спречување корупција Сретен Радоњиќ и раководството на Радио-телевизија Црна Гора.

-Мојот сопруг и јас меѓусебно се разбираме и поддржуваме за автономното постапување при извршувањето на своите функции и заземање став, па макар и да не се сложуваме. Потписот на Договорот е резултат на политичката принцпиелност на која сум била и ќе останам доследна – истакнала Вуксановиќ-Станковиќ.