Дома Балкан (ВИДЕО) „Нешто ќе те питам бабо“ денес ечеше на еден од најголемите...

(ВИДЕО) „Нешто ќе те питам бабо“ денес ечеше на еден од најголемите стадиони во Турција

Најновиот хит на македонската музичка група Некст Тајм „Нешто ќе те питам бабо“ ечеше и во Турција на стадионот на Коњаспор, каде што настапува македонскиот интернационалец Адис Јаховиќ.

Големиот хит на Некст Тајм беше пуштен за време на загревањето пред вчерашниот меч меѓу Коњаспор и Сиваспор (1-1) во рамки на турската Суперлига.

Вака се сака својата Македонија 🇲🇰!!! Нешто ќе те питам бабо дури и на стадионите во Турција.Адис Јахович капа доле кралу !!!

Публикувахте от Next Time в Неделя, 14 април 2019 г.

“Вака се сака својата Македонија 🇲🇰!!! Нешто ќе те питам бабо дури и на стадионите во Турција. Адис Јахович капа доле кралу !!!”, напишаа “Некст Тајм” на Фејсбук.

Некст Тајм се формира на почетокот на 2008 година и потпишаа договор со План Б продукција. Пред тоа настапуваа како бенд на музички фестивали за деца. Откриени биле од композиторот и текстописецот Јован Јованов.

Ова македонско дуо во тој период го пуштаат нивниот прв сингл ,,Не верувам во тебе,, во мај 2008 година. Текстот на песната беше напишан од Некст тајм, а песната беше во продукција на Јованов. ,,Не верувам во тебе,, за кратко време се искачи на врвот на музичките листи во македонија и стана хит којшто набрзина ги лансираше Некст Тајм високо на македонската музичка сцена. Бендот исто така сними и спот за песната