Дома Македонија Речиси во центарот на Струмица: Живеат без канализација и асфалтирана улица

Речиси во центарот на Струмица: Живеат без канализација и асфалтирана улица

loading...

Софилари – населба која се наоѓа на стотина метри од центарот на Струмица. Повеќе стотина жители до своите домови во ова населба одат по дупки и вода по секои врнежи.

Во Софилари веќе десетина години со семејството живее и Давид Попов. Неговиот дом е легализиран и уредно платил, но нема асфалтиран, пат ниту пак улици, а камоли канализација.

Маката на Попов ја делат и други 100 домаќинства од Софилари. Во оваа населба единствено има водовод и струја, иако живеат со децении, немаат ниту фекална, ниту атмосферска канализација. Сите се поврзани со околните канали или пак со септички јами

Софилари е населба каде се уште нема ДУП иако последнава деценија, таму интензивно се градеа нови објекти. Првиот човек на општината Коста Јаневски вели дека ја знае маката на граѓаните од ова населба.

Вели дека се работи на носењето ДУП, но кочница биле и дивоградбите кои морале да се легализираат. Со носењето на урбанистичките планови се отвора можност и за вложување во комунална инфраструктура.

Целата сторија проследете ја на ТВ24