Дома Балкан Ципрас: Грција повеќе не е „црна овца“

Ципрас: Грција повеќе не е „црна овца“

Грчкиот премиер Алексис Ципрас изјави дека со зачленување на Грција во Иницијативата 16 + 1, која ја сочинуваат земјите од Централна и Источна Европа и Кина, неговата земја ја потврдила својата водечка улога на Балканот и ја обновила репутацијата.

Грчкиот премиер изјави дека неговата земја е центарот на поврзувањето на регионот и столб на стабилноста, безбедноста и соработката во североисточниот Медитеранот, особено по потпишувањето на Преспанскиот договор.

Грција пред четири години беше неуспешна земја, „црна овца” на Европа, без пристап до големите предизвици и случувањата во регионот и во конфликт со своите соседи, рече Ципрас, додавајќи дека Грција е денес земја која сите ја признаваат, која излезе од големи економски тешкотии и проблеми и ја врати репутацијата.

Грчкиот премиер, исто така, истакна дека Грција требала да биде членка на Иницијативата 16 + 1 од 2012 година, но дека Кина и други 16 земји не ја прифаќале токму поради „конфликтот” со северниот сосед, кој беше во таа организација, но под своето старо име.