Дома Македонија (ФОТО) Емотивна средба: Аргентинец дојде во Царев Двор да ги запознае своите...

(ФОТО) Емотивна средба: Аргентинец дојде во Царев Двор да ги запознае своите македонски корени и роди

Елијас Јосифовиќ од Ел Мајтен, Аргентина, потомок на македонски иселник кој во триесетите години на минатиот век пристигнал и се населил во оваа јужноамериканска држава, во потрага по своите корени по прв пат го посети родното огниште на неговиот дедо Царев Двор.

Елијас живее во Ел Мајтен, а средбата со неговиот братучед Митко Маринчевски се случи деновиве со помошта што ја добил од македонската Амбасада во Бразил и на градоначалникот на Општина Ресен, д-р Живко Гошаревски. Дедовците на Елијас и на Митко се родени браќа, а Јордан, дедото на Елијас, пристигнал во Аргентина со својот брат Ангел во 1931 година, патувајќи со бродовите на Црвениот крст, како и бројни други Македонци од тој период.

-Најубав момент во работата на нашите амбасади е токму спојувањето на македонските семејства од матицата и од дијаспората. Оваа фотографија не може ни да ги долови емоциите на средбата помеѓу братучедите од Царев Двор и од Ел Мајтен во аргентинска Патагонија, вели амбасадорот Ивица Боцевски.

Тој појаснува дека пред неколку денови амбасадата добила телефонски повик од градот Ел Мајтен (El Maitén), кој што се наоѓа во провинцијата Чубут во аргентинска Патагонија. Македонците во таа област потекнуваат, вели, главно од ресенско и од битолско, а ја бараа амбасадата затоа што сакаат да го посетат своето родно огниште.

Патагонските Македонци во посета на родниот крај и на своите роднини во Царев Двор (ресенско) 🇲🇰🇦🇷Los macedonios…

Публикувахте от Embaixada da República da Macedônia do Norte no Brasil в Четвъртък, 11 април 2019 г.

Целата сторија проследете ја на Денешен

Loading...