Дома Свет Нов гаф на Јункер – за малку ќе го запалеше Претседателот на...

Нов гаф на Јункер – за малку ќе го запалеше Претседателот на Руанда (ВИДЕО)

loading...

На церемонијата која се одржа во Меморијалниот центар во главниот град Кигали, Јункер се најде во друштво на претседателот на Руанда Пол Кагаме и неговата сопруга Жанет.

Добија факели со кои симболично запалија оган, по што Јункер се сврте со цел да ѝ го даде факелот на помошничката, но тој речиси ќе ги запалеше лицата на Кагаме и неговата сопруга.

Ова е само еден од серијата инциденти на 64-годишниот луксембуршки политичар. Во јули минатата година, Јункер е снимен како се тетерави и едвај одржува рамнотежа на самитот на лидерите на НАТО. Присутните лидери мораа да му помогнат да не падне.

Неговите најблиски соработници тогаш го демантираа очигледното, тврдеа дека тој не е пијан.