Дома Свет Фестивал во Швајцарија ќе се преименува во чест на Есма Реџепова

Фестивал во Швајцарија ќе се преименува во чест на Есма Реџепова

loading...

Меѓународниот „Џипси – фестивал“ што се одржува секоја година во Цирих, Швајцарија, во иднина ќе се вика „Есма – фест“, во чест на кралицата на ромската песна Есма Реџепова

Годинава по 13. пат претставник на нашата земја беше поранешната група што ја придружуваше легендарната македонска пејачка, „Есмас бенд“, чиј вокален солист сега е Елеонора Мустафова, единствено девојче што го одгледа големата хуманитарка, заедно со 46 машки деца.

Бендот се подготвува за турнеја низ Европа, во организација на овој фестивал, на кој ќе настапат заедно со ромски музичари од Шпанија, Индија, Бугарија и од Швајцарија.

Есма Реџепова беше позната македонска пејачка и хуманитарка. Нарекувана е Кралица на Ромската музика во светски рамки.Во 2013 г. ја доби престижната титула Национален уметник на Република Македонија.