Дома Магазин Стефановски: Кога ќе го издадам албумот ќе видите која песна и ја...

Стефановски: Кога ќе го издадам албумот ќе видите која песна и ја посветив на Гордана

loading...

Порталот „24 сата.хр“ направи мини интервју со нашиот гитарски виртуоз.Создавањето музика е магична дисциплина која никогаш нема да ми досади.

Заситен сум од нуспојави како патувања, медиуми, гужва, „афтер парти“ и други нешта. Кога нешто важно ме чека, седам пред компјутер и проверувам дали е се’ во ред… Всушност, постојано сум на креативна температура.

Пред настап добро се концентрирам, правам мантра, ги проверувам жиците на гитарата. Што се однесува на тремата, нормално е дека ја има, но тоа е онаа позитивната, вели Стефановски.

Инспирацијата ја добива главно наутро, со кафе и гитара.Животот околу мене е инспирација. Главно инспирација добивам наутро, додека не ме развлекол денот.

Го користам тој утрински мир, правам кафе и ја земам гитарата во раце. Тоа е чуден процес. По заминувањето на сопругата (пред две години) не издадов нов албум, а кога тоа ќе се случи, ќе видиме која песна сум ѝ ја посветил, завршува Влатко Стефановски.