Дома Магазин Влатко со “Велат не нема” предизвика силни емоции кај нашинците во Австралија

Влатко со “Велат не нема” предизвика силни емоции кај нашинците во Австралија

Фолк пејачот Влатко Миладиноски овој месец е на турнеја низ Австралија. Тој има свои настапи во Сиднеј, Волонгонг и Мелбурн.

На социјалните мрежи Влатко објави дека поради огромниот интерес, закажал и петти концерт во Мелбурн. Покрај неговите веќе познати постари хитови, Влатко ја станува на нозе публиката со неговиот најнов и највпечатлив хит, “Велат не нема”, песна која има милионски прегледи на социјалните мрежи.

Инаку најновиот хит на Влатко е дело на Тоде Новачевски, поранешен сопруг на Марија Сариќ. Влатко е од Кичево, градот од кој потекнуваше уште еден, можеби и најголемиот бард на патриотските песни, Војо Стојановски.

Погледнете ја атмосферата од Австралија: