Дома Останато Само лани 5000 бебиња на Македонци се родиле во странство: Познато и...

Само лани 5000 бебиња на Македонци се родиле во странство: Познато и каде најмногу

loading...

Во 2017 година во странски земји се родиле околу 5.000 бебиња на македонски државјани. Ако природниот прираст во одредени македонски општини е негативен, во странски земји е позитивен.

На пример, во Маврово-Ростуше оваа година се родиле 50 деца, но македонските државјани од оваа општина што живеат во странство пријавиле дека им се родиле 133 деца. Во Пласница се родиле 40 бебиња, но во странски земји 70. Поранешниот директор на Државниот завод за статистика, Дончо Герасимовски, вели дека многу народ е иселен од Македонија. Природниот прираст во странските земји на наши државјани е 3.121, а во Македонија е 1.436. Повисок е за 1.685.

– 5.000 деца се родени надвор, а тоа не е мала бројка. Во 2017 година во странство се склучени 1.027 бракови во кои младоженецот е со македонско државјанство. Догодина може да очекуваме уште поголем број на новороденчиња на македонски државјани што ќе родат надвор – вели Герасимовски.

Најмногу деца се родиле во Швајцарија и во Италија. Тој направи анализа на природниот прираст на одредени општини во Македонија и природниот прираст на граѓани со македонско државјанство што живеат во странство.

Вели дека е добро што располагаме со веродостојни податоци за наталитетот и морталитетот, кои се следат на два начина. Состојба по настан во земјава и состојби по настан во други земји во светот.

Лани најмногу живородени деца на македонски државјани има во: Швајцарија – 1.426, Италија – 1.070, Германија – 900, Австрија – 386, Словенија – 149, Турција – 99, Белгија – 91, Франција – 64, Америка 60, Англија и Данска – 56, Шведска – 53.

Целата сторија проследете ја на Деца.мк