Дома Магазин Сестрата на Росана, Маријана, се пофали од Австралија со својата снаа (ФОТО)

Сестрата на Росана, Маријана, се пофали од Австралија со својата снаа (ФОТО)

Пред речиси 30 години близначките Маријана и Росана Сариќ беа едни од главните ѕвезди кои ја тресеа македонската естрада со хитовите, кои и до денес се вртат на нашите радио станици. најпрвин во забавните води и фестивали, а нивните хитови како „Признавам“ останаа и станаа евергрини.

Подоцна забавната ја заменија со народната музика во која не беа ништо помалку популарни. „Едно срце имам душо“ или „свири ми брате Цигане“ се само дел од песните од нивниот опиус кои останаа во македонската новосоздадена фолк антологија.

Росана веќе со години не е дел од музичката сцена. Таа е во брак со познатиот актер Горан Тодоровски-Трупче и ја имаат ќерката Ивана која годинава се мажеше.

Во меѓувреме Маријана се омажи за композиторот Тоде Новачевски и пресели во Австралија, а по неколку години се разведе и денес има две деца. Музиката ја замени со стоматологијата и веќе долги години работи како забен техничар.

Неодамна, таа на социјалните мрежи објави фотографија со ќерката, со синот и со снаата.

„Некои велат свекрва и снаа, а некои све крива и снаа. Како и да е, убавина е“, напиша Маријана под фотографијата со снаата Анастасиа, сопругата на нејзиниот син Филип.