Дома Економија Кога е во прашање минималната плата предничи Америка, по неа Австралија па...

Кога е во прашање минималната плата предничи Америка, по неа Австралија па Европските држави

loading...

Со решавањето на спорот за името, сега јавноста од владата конечно очекува придвижување на економските текови кои жбеа ставени во втор план и покачување на м инималната плата, за која се најавуваше дека ќде изнесува пестотини евра.

Кога се зборува за минимална плата, таа во развиениот свет изнесува отприлика вака: Во Соединетите Американски држави е околу 15 евра на час, во Австралија, изнесува 12,5 евра на час, додека во Западна Европа просечната популација заработува осум евра на час.

Меѓу западноевропските земји, Луксембург води со 11,5 евра, а најмалку добива работник во Белгија, 9,5 евра на час. Втората група земји се оние со минимална плата од три до пет евра на час, вклучувајќи ги Словенија, Шпанија, Малта, Португалија и Грција.

Третата група ја сочинуваат земјите од Источна Европа, каде што минималната плата е под три евра на час – Бугарија 1,57, Турција 2,53, Украина 0,74 и Молдавија 0,68.

Со минимална плата од 183 евра, работниците во Црна Гора се наоѓаат на најниското европско рамниште соред висината на минималецот, по што следува БиХ со минималец од 208 евра.