Дома Економија Владата најави ново покачување на платите оваа година – синдикатот калкулира со...

Владата најави ново покачување на платите оваа година – синдикатот калкулира со 12 проценти

loading...

Владата останува на идејата годинава уште еднаш да ја покачи минималната плата, откако веќе беше зголемена на 12 илјади денари пред година и половина. Детали за тоа колку би изнесувал порастот сè уште нема. Тоа треба да се знае по анализите и консултациите на министерствата за труд и за финансии со работодавачите и со текстилниот и кожарскиот кластер.

Притоа, како што најавија од Владата, ќе се води сметка да не им се наштети на компаниите и да не се доведе во прашање нивната одржливост. Бизнисот смета дека во моментов со евентуално ново покачување поголемо од она што би се постигнало со усогласување, минималната плата ќе изнесува повеќе од 50 проценти од просечната плата во Републиката и оти таков висок износ на минимална плата во однос на просечната плата може да предизвика демотивираност за отворање нови работни места, а и намалување на постојните работни места.

Според Сојузот на синдикатите на Македонија, пак, има простор за зголемување на минималната плата, која во моментов изнесува 12.165 денари. Пресметките на Синдикатот покажуваат дека има потреба од зголемување на минималната плата најмалку за 12 проценти.

Можноста за покачување на минималната плата на почетокот на годината ја најавија од Владата, а како што информираа на прес-конференција, а во февруари годинава премиерот Зоран Заев рече дека идејата на Владата како левоориентирана е да има рамномерна распределба на продуктивноста и доходовноста меѓу капитал-факторот и работниците.

-Државата има намера со континуирано зголемување на минималната плата да постигне вкупен ефект на зголемување на платите во државата, преку отворање на спиралата на платите, ама со тоа да не им наштетиме на бизнисите, односно на нивната одржливост, вели Заев.

Целиот текст прочитајте го на Сител