Дома Магазин Тијана Дапчевиќ го издаде сопругот: Поради она што го каже, можеби ќе...

Тијана Дапчевиќ го издаде сопругот: Поради она што го каже, можеби ќе и се подналути

Поп-пејачката во специјалното издание на нагазинот „Стори“ на македонски јазик открива на кој начин го воспитува синот Вук, кој влегува во пубертет, смета дека е вистинско време да го прошири своето семејство и вели дека сѐ уште се чувствува како дваесетгодишна иако неодамна го прослави 43-от роденден.

Тијана искрено одговори и на прашањето дали нејзиниот сопруг, земајќи предвид дека живее во општество во кое е срамно мажот да ги покаже емоциите, умее да заплаче.

Секој маж умее да заплаче и тоа е сосема нормална работа, но живееме во општество во кое обично на машките деца им се вели дека не се доволно мажи ако заплачат, со честата забелешка: Ајде, плачеш тука како некое девојче!

Така веќе во стартот им се всадува тоа правило дека девојчињата плачат, а момчињата не и дека тоа ги прави поцврсти луѓе, а всушност нема подобар показател на емотивна свест од искажувањето на своите чувства.

Целото интервју може да го проследите во специјалното издание на магазинот „Стори“ на македонски јазик.