Дома Македонија Познато кој македонски музичар добил бакшиш од 20.000 евра во Германија

Познато кој македонски музичар добил бакшиш од 20.000 евра во Германија

Loading...

Оркестар Агушеви од Струмица речиси цела година се на свирка во Македонија или некаде низ светот. Тоа е само еден од многуте докази за колку врвен музички амбасадор има Македонија.

Во емисијата „Еден на Еден“ која ќе се емитува во недела, маестро Џамбо Агушев во најавната шпица откри кој е најголемиот бакшиш кој го заработиле:

„Кога свиревме во Германија добивме бакшиш од 20.000 евра“, изјави Џамбо.

Штом Џамбо Агушев и неговиот оркестар се појават на сцена веќе знаете дека забавата е загарантирана.

Не постои човек во земјава, а веќе ниту во светот кој не слушнал за оркестарот Агушеви. Нивната магична музика датира од 90 – тите години кога биле поставени корените на првичниот состав на Агушеви, за денеска младиот и талентиран Џамбо Агушев да го презеде кормилото со кое патува низ светот.

Loading...