Дома Економија Владата го намали ДДВ за гасот од 18 на 5 проценти –...

Владата го намали ДДВ за гасот од 18 на 5 проценти – дали ќе значи ова и поефтин плин за возилата

loading...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, заедно со заменик-претседателот во Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев и министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, во придружба на директорот на Национални енергетски ресурси (НЕР), Бајрам Реџепи и градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски, вчера извршија увид во напредокот на работите на гасоводот на делницата Неготино – Прилеп – Битола, како дел од проектот за гасификација на нашата земја за кој оваа година во Буџетот се издвоени 1 милијарда и 557 милиони денари, или 1,1 милијарда денари повеќе во споредба со 2018 година.

Во изјавата за медиумите за време на оваа работна посета премиерот Заев истакна дека гасификацијата е една од највредните капитални инвестиции од која се очекуваат значајни придобивки за компаниите, за општините, како и за граѓаните.

„Гасификацијата на земјата ќе ѝ донесе намалување на трошоците за енергија и намалени емисии на штетни гасови во воздухот. Од тие причини донесовме одлука да го намалиме ДДВ-то за гасот од 18 на 5%.

Во таа насока, кога влегуваме во сезона целосно поволна за градежните и инсталациските работи и очекуваме засилена динамика во текот на целата година. Уште повеќе што се веќе се надминати сите спорни имотно-правни и други моменти за изградбата на гасоводната мрежа низ целата земја“, нагласи премиерот Заев.

Од увидот на терен и од презентацијата на актуелната ситуација, владината делегација беше информирана дека заклучно со февруари реализација на магистралниот гасовод Неготино – Битола, преку Прилеп, изнесува 36 проценти, и дека во текот на целата оваа година продолжуваат градежните и машинските работи, како и работата на оптиката и катодната заштита на линискиот дел на оваа делница, по што, во септември ќе се отпочне со изградбата на сите фази од блок станиците, со што, практично, ќе се влезе во завршницата и на овој крак.

Дали ова ќе значи и намалување на малопродажните цени на плинот за автомобилите, или ќе важи само за индустријата и домаќинствата, останува да видиме во следниот период.