Дома Економија Студентите по економија во Штип се посрамија за сите пари: Повеќе од...

Студентите по економија во Штип се посрамија за сите пари: Повеќе од пола не ги знаат даночните стапки во Македонија

loading...

Штипските студенти по економија, присутни на денешната дебата „Ајде Да зборуваме за даноци“ паднаа на мини квизот на министерот за финасии Тевдовски.

Половината од нив покажаа дека не ја знаат висината на даночните стапки во државата. Сепак дел од нив дебатираа со Тевдовски и директорката на УЈП, Лукаревска за даночниот систем и ефектите од воведувањето на прогресивниот данок.

30 % од БДП на државата се собрани од даноци, а од финансии најавуваат и дека проектот за поврат на ДДВ ќе значи намалување на даночната евазија.

Според Министерот Тевдовски новото зголемување на минималната плата нема да значи отпуштање на работници и затворање на фирмите кои сега се на граница на рентабилност. Потврда за тоа според него е намалувањето на неевработеноста, што сега е под 20 проценти.

Целата сторија проследете ја на ТВ 24.