Дома Македонија Дедо Трајанчо си замина од овој свет како странец во својата држава...

Дедо Трајанчо си замина од овој свет како странец во својата држава Македонија

Дедо Трајанчо Велковиќ, кој со години водше нелогичана и тешка борба за да докаже дека е макдеонски државјанин и покрај тоа што е роден во Скопје, денеска за жал си замина од овој свет како странец во земјата во која што е роден и го поминал целиот свој живот.

Бидејќи не можеше да се снајде низ правните лавирнти, немаше ниту пак парични средства за да ги подмири сите трошоци за поднесување на документи за државнаство, екипата на Телевизија 24 се обиде да му помогне.

Неколку пати апелиравме и дека здравствената состојба наТрјанчо Велковиќ му се влошува, но не можеше да го оствари свеото основно право на здравствена и социјална заштита затоа што имаше лична карта за странции со привремен престој.

Трајанчо Велковиќ додека беше жив беше правно невидлив за оваа држава, така и си замина. Можеби неговиот случај ќе отвори ново поглавје за процесот на добивање државјаство за лицата како него.

Извор ТВ24