Дома Македонија Бујар Османи за спроведување на законот за албански јазик најави можни вработувања...

Бујар Османи за спроведување на законот за албански јазик најави можни вработувања од Косово и Албанија

loading...

Поминаа два месеца од стапувањето на сила на Законот за употреба на јазиците. Вицепремиерот Бујар Османи вели дека постои позитивна струја за спроведување на албанскиот јазик, а потврдува дека е тешко вметнувањето на нов јазик во институционална употреба. Владата има план за избегнување јазични грешки кои до сега беа забележани на некои табли.

–Тоа што се обидовме да направиме е да се сконцентрираме на употребата на официјалниот албански јазик, на пример во обележувањето на институциите одлучивме тоа да не им го оставаме да го прават самите институции туку тоа да го правиме во Владата, односно Владата да ги снабди институциите со изготвени табли кои ќе се изработуваат во еден центар.

Тука ќе се унифицираат и по изглед и ќе има минимум можност за правописни и јазични грешки.-вели вицпремиерот Бујар Османи.

Први кои ќе добијат можност да работат во Агенцијата за имплементација на законот за употреба на јазиците се вработените во секретаријатот на Владата. Квалитетните кадри, преведувачи и лектори се друго прашање за кое ќе се разговара со јазичните катедри, а според Османи не сите студенти ги исполнуваат очекувањата за обемната работа што ги чека.

Како опција е и соработка со институциите во Косово и Албанија, а екипирањето на Агенцијата ќе почне по претседателските избори.

Целата сторија проследете ја на ТВ21