Дома Свет Брегзитот на Тереза Меј и дојде до глава, најверојатно ова ќе биде...

Брегзитот на Тереза Меј и дојде до глава, најверојатно ова ќе биде крај за нејзината кариера

Британската премиерка Тереза Меј доживеа нов тежок удар. Британците веќе и предвидуваат крај откако почна да ја губи довербата сега и од народот, иако ЕУ на самитот во Брисел се согласи да го продолжи рокот за „Брегзит“.

Наместо дополнителни три месеци, од ЕУ стигна конечен одговор. Доколку спогодбата не биде усвоена следната недела, ќе добие рок само два месеци, однсоно до 22 мај. Доколку не, тогаш рокот ќе биде скратен, до 12. април.

ЕУ веќе неколку пати напоменува и бара од Британија да даде конечен одговор. Она што е најважно, е тоа што сега и народот не сака излез од ЕУ, односно во неколку градови имало протести против „Брегзит“.

Извор: ТВ21