Дома Балкан По Албанија уште еден наш сосед става клуч на кладилниците – следна...

По Албанија уште еден наш сосед става клуч на кладилниците – следна на ред можеби и Македонија

loading...

Обложувалниците во Косово наскоро би требало да бидат затворени. Ова затворање го побараа членовите на општинскиот совет на Косово. Вонредното заседавање следуваше по две у*иства кои се случија во последните седум денови во косовските обложувалници, пренесува ТВ21.

Оваа одлука наиде и на поддршка од страна на косовскиот премиер Рамуш Харадинај, кој изјави дека нема да дозволи обложувалниците да станат место на криминал и убиства.

Конкретни чекори од вчера презеде косовската полиција, во 33 градови во Косово. Во акцијата учествуваа повеќе од 1000 полициски службеници, даночни службеници и службени лица од царината на Косово.

Премиерот на Косово, Рамуш Харадинај, преку социјалните мрежи објави дел од нацрт законот со кој се забрануваат обложувалниците и додава дека тој ќе биде усвоен на следната седница на Владата на Косово.

Координаторот на пратеничката група на ДУИ, Ејуп Алими како и претседателот на ДУИ Али Ахмети, најавија сериозна борба против казината и обложувалниците. Но, засега се уште нема одговор од СДСМ по однос на ова прашање.