Дома Магазин Една од најубавите Македонки ја откри тајната за својот изглед

Една од најубавите Македонки ја откри тајната за својот изглед

loading...

Мис на Македонија за 1996 година, Вера Мештеровиќ (39), со својата безвременска убавина и однесување е модел за сто години. И по две децении завидна манекенска кариера, сè уште е барана и ангажирана поради природниот изглед, витата става, импозантната висина од над 180 см и професионалниот однос.

Во спотот за новата песна на Владо Јаневски „Откако си негова“, која ќе биде промовирана и во Хрватска, ја игра главната улога, неодамна го водеше традиционалниот Виенски бал во Скопје, а минатиот месец на „Златна бубамара на популарноста“ ја освои наградата за најпопуларен македонски модел.

Мештеровиќ во разговорот откри која е тајната на нејзиниот изглед, освен генетскиот.

„Навистина се трудам да се хранам здраво, пред сè, и поради децата. Настојувам да е правилно застапена пирамидата за здрава исхрана, зеленчук, овошје, повеќе риба, помалку црвено месо, доста течности, зелен чај, вежбам пилатес“, изјави Вера

Целото интервју може да го проследите на „Независен весник“