Дома Авто-мото Ова не смее да се пропушти – следната недела ендуро крос трка...

Ова не смее да се пропушти – следната недела ендуро крос трка кај Белви

loading...

За прв пат во нашата држава и во регионот МК Ендуро Тим Водно-Скопје ќе сe организира Enduro/Cross паралелна трка која насекаде важи за една од нај атрактивните трки како за возачите така и за публиката.

Се работи за трка на која тројца или четворица натпреварувачи стартуваат истовремено а победник е тој што прв ќе стигне на целта.

Трката се одвива на кружна патека со препреки(дрва,камења,гуми,базен со вода и кал…..),стартот и целта се на иста точка ,а публиката од секоја позиција има можност во целост да ја следи трката.

Трката е замислена на база на елиминации,и од трка во трка станува се поинтересно бидејки само најдобрите возачи одат во финалето.

Се очекувува да се пријават над 70 натпреварувачи,што е знак за многу атрактивна трка каде посетителите ке ужуваат во вештините на возачите.

Овој настан нема да биде само натпревар ,ке биде целодневна забава за вас и вашето семејство,каде што за време на настанот ке не забавува Ди Џеј,а по натпреварот ке не забавува познат Рок Бенд.

За време и по завршување на натпрварот секој посетител ке може да ја вкуси храната приготвена од Хотел Белви,а воедно ке се служат и напитоци(кафе,сок,пиво…..) Влезот за посетителите ке биде бесплатен.

Трката ќе се оддржи на специјален полигон кој ќе е наменет исклучиво за ваков тип на настани.Настанот ќе се оддржи во Хотел Белви на 30 Март 2019 во 11 часот.