Дома Македонија Единица, двојка или тројка – Река, Пендаровски и Силјановска добија бројчиња

Единица, двојка или тројка – Река, Пендаровски и Силјановска добија бројчиња

Со наближувањето на датумот за почеток на кампањата за претстојните Претседателски избори, се подига и тензијата во реториката меѓу предложените кандидати.

Loading...

Особено активна на социјалните мрежи е кандидатот на опозицијата Гордана Силјановска која речиси секојдневно го прозива нејзиниот најголем опонент и кандидат на владеачките партии, Стево Пендаровски, кој пак засега е воздржан со напади кон останатите кандидати.

Во Државната изборна комисија денес на јавна седница со жрепка се утврди редоследот на единствената листа на кандидат за избор на претседател на државата.

Редоследот на гласачкото ливче со тројцата претседателски кандидати:

1.Блерим Река,

2.Гордана Силјановска Давкова и

3.Стево Пендаровски.

Тројцата кандидати потпишаа кодекс за однесување на претседателските избори.

Loading...