Дома Свет Два циклони викендов ќе направат парче во Австралија

Два циклони викендов ќе направат парче во Австралија

loading...

Илјадници Австралијанци се евакуирани поради доаѓањето на два потенцијално разорни циклони, објави Би-би-си. Во текот на викендот Тревор ќе го погоди северот на Австралија, а циклонот Вероника му се заканува на западниот брег на земјата.

Се очекуваат разорни ветрови, а силниот дожи и брановите можат да предизвикаат катастрофални поплави.

Синоптичарите сметаат дека циклоните силно ќе ги погодат наведените подрачја и ги предупредуваат ѓителите да се подготват за „силно невреме“.

Ова е вторпат во историјата метеоролозите да предвидат дека Австралија ќе биде погодена истовремено од два силни циклони.

Се очекува тропскиот циклон Тревор в сабота наутро да пристигне на северот на земјата и за неколку дена да напаѓа онолку дожд колку што врне во тој дел во текот на целата година.

Циклонот Вероника треба да го погоди северозападниот брег в сабота попладне и в недела наутро. Се очекуваат силни налети на ветер, а Хидрометеоролошкиот завод на Западна Австралија објави дека веројатно ќе дојде до „сериозен удар“ на циклонот.